KeyWe – најпаметната брава досега

13

 

KeyWe е паметна брава, која се отклчува на добир и се заклучува автоматски кога корисникот ќе влезе во својот дом.

Оваа брава може да запамети дури 20 различни пинови, односно, секој член на домот може да си има свој посебен пин.

KeyWe има три опции за отклучување, со телефонот, со стандарден клуч и со картица. Сите функции на оваа паметна брава може да се подесуваат и изменуваат преку апликацијата направена за неа. Исто така може да се постави еднократен код, кој нема да важи по 2 минути, во случај на гости.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Сан Франциско, Калифорнија и има своја кампања на платформата Kickstarter. Досега има собрано 107.537 долари од потребните 30.000 долари, а кампњата трае уште 43 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.

Фото: Kickstarter