Минатата година најмногу станови се изградиле во Скопје

45

Државниот завод за статистика ги објави податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, како и градени од деловни субјекти за 2017 година.

Според податоците на ДЗС во 2017 година, во Македонија се изградени вкупно 2.308 објекти и завршени се вкупно 2.800 станови во режија на индивидуални сопственици. Вкупната површина на овие градби е 322.487 м2, а вредноста им се проценува на 10.906.130 илјади денари. Просечната корисна површина на завршените станови е 115.2 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот, Југозападниот итн.

Што се однесува до градежната дејност на деловните субјекти, според податоците на ДЗС за 2017 година вкупната вредност на градежните работи изнесува  28.891.889 илјади денари. Односно, деловните субјекти во 2017 година во Македонија изградиле 2.191 објект, а завршиле вкупно 2.822 станови со вкупна површина од 178.758 м2.

Просечната корисна површина на завршените станови е 63.3 м2.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, Источниот итн.