Градот Скопје ги информира граѓаните дека денес и утре ќе се асфалтира делот од булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика Стакларница до бензинската пумпа Марија трејд. Поради тоа, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, а протокот на возила ќе биде регулиран со знаменца.
Привремен сообраќаен режим во наредните два дена ќе се воведе и на крстосницата кај населбата Усје, заради асфалтирање на коловозот.
Градот Скопје апелира до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа делница од булеварот Борис Трајковски и во своето движење да ја користат околната патна мрежа. Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.