Доколку сте нови во бизнисот, или панирате допрва да отворите сопствен бизнис, ова се седумте златни правила кои мора да ги имате на ум и кои ќе ви помогнат да го започнете бизнисот на правилен начин.
Преземете мали чекори
Најуспешните претприемачи се фокусираат на малите чекори кон своите цели. По секој мал чекор, навратете се на претходниот што сте го направиле, за нешто да научите и така анализирајќи планирајте нови чекори.
Идејата го бира пазарот
Истражувањето на пазарот е навистина важен сегмент за започнување бизнис, а многу фирми токму поради недоволно истражување на пазарoт, многу бргу згаснуваат. Најдобрите претприемачи никогаш не даваат големи идеи, туку ги разгледуваат потребите на пазарот. Идејата може да ви биде голема и може да ви биде добра за некој друг пазар, но ако не ви носи профит, секое вложување во нејзина реализација ќе биде залудно.
Купувачите го одобруваат производот
Комуникацијата со пазарот никогаш не престанува, па таму може да добиете конкретна повратна информација. Ако на купувачите не им се допаѓа вашиот производ, тогаш тој производ не е добар за пазарот на кој сте го пласирале. Токму ваквата повратна информација може да ве упати кон потребните корекции во бизнис стратегијата, а потрагата за нов пазар исто така ќе ви биде олеснета.
Грешете бргу и ефтино
Кога започнувате бизнис, мора да сте свесни дека нема да имате константен успех, па освен успеси, ќе имате и падови. Токму затоа е потребно да правите мали чекори, па ако грешите, да грешите бргу и ефтино. Успехот во бизнисот подразбира решавање на проблемите и вештини во донесување вистински одлуки. Ќе ви биде потребно многу упорност, мотивација и храброст.
Добриот правник злато вреди
Клучниот дел од вашиот бизнис ќе биде вашиот правник. Пронајдете правник на кого му верувате, а така ќе добиете и професионален совет за тоа дали е подобро да отворите друштво со ограничена одговорност или фирма. Вие можеби не ги знаете разликите, но тој ќе ви ги претстави и така заедно со вас ќе најде најдобро решение за вашиот бизнис.
Користете социјални мрежи
Маркетингот неретко е скапа работа, но затоа се тука социјалните мрежи. Треба да знаете да ги привлечете вашите потенцијални клиенти. Затоа, бидете активни на оние социјални мрежи коишто мислите дека најмногу ви одговараат. Искористете ги најдобро што можете, објаснете што работите и почнете да градите мрежа од ваши “следачи“ и потенцијални купувачи.
Бирократијата ќе ве “боли“ најмногу
Бирократијата ќе ве оптерети од првиот момент кога ќе започнете сопствен бизнис. Осигурувањето и различните даноци може да ви го , “загорчат“ животот. Затоа, најважно од сè е да имате добар тим од експерти околу вас, кои ќе ви помогнат да ги надминете ваквите препреки.
Фото: Pexels