Стартуваше летната школа на Охридска банка – Биди банкар

44

Денес во Охрид официјално стартуваше летната школа на Охридска банка Сосиете Женерал, Биди банкар, којашто ќе трае сѐ до 27 јули 2018 година.

Втора година по ред, Банката ја организира летната школа, која има за цел како едниствена на пазарот од ваков вид, да прерасне во традиција, создавајќи на долг рок млад, амбициозен и банкарски поткован кадар, кој ќе даде свој придонес во општеството и ќе биде подготвен за пазарот на труд.

Претставници од Дирекцијата за човечки ресурси на Банката им посакаа добредојде и успешен старт на учесниците и ги воведоа во активностите што ќе следуваат во текот на Летната школа.

По спроведеното тестирање, беа избрани 10-те најдобри студенти на додипломски и постдипломски студии, кои, почнувајќи од денес, па сѐ до крајот на месец јули ќе бидат дел од Летната школа којашто се одржува во Охрид.

Програмата на Школата вклучува различни активности, како практична работа во дирекцијата и експозитурите на Банката во Охрид, тематски предавања од страна на вработените во Банката од областа на банкарското работење и финансиите, обуки за меки вештини, тематски работилници, како и многу забава, дружење и едукација.

Школата има за цел да ги воведе младите кадри во банкарското работење преку практична работа, да го прошири знаењето на учесниците во повеќе области на банкарството и финансиите, потоа да ги подготви младите за пазарот на трудот преку работилници за меки вештини, како и да овозможи едномесечно дружење, забава, учење и многу интересни активности кои ќе им помогнат во понатамошниот кариерен
развој на учесниците.

Дел од учесниците на првата летна школа Биди Банкар која се оддржа минатото лето, веќе се вработени во Охридска банка Сосиете Женерал