Emirates воведе виртуелна реалност на својот веб сајт

44

Фото: Facebook

Emirates е првата компанија во светот што претстави 3D моделот на седиште во своите авиони и со тоа стана првата авиокомпанија којашто воведе виртуелна стварност (Virtual Reality) на својата дигитална платформа, односно на веб страната, пишува Gulfnews.

Оваа платформа овозможува уверлива 3D визуелизација од 360 степени на внатрешноста на авионите на Emirates, A380 и Boeing 777, со која корисникот може да ги истражи своите седишта, просторната кабина, дури и производите коишто се достапни на летот. Ваквиот приказ е можен со користење на навигациски точки и во економска, и во бизнис, и во прва класа. Дури може да се истражат и Onboard Lounge и Shower Spa услугите кои се нудат на летот на  Emirates A380.

Високиот квалитет на 3D графиката овозможува извонредно чувство кое е близу до стварноста, велат од компанијата, и најавуваат дека ваквото искуство наскоро ќе може да се реализира и за цела флота на Emirates, вклучувајќи ги сите конфигурации на авионите. Така корисниците ќе може да си одберат било кое седиште со помош на VR очилата.

Оваа технологија е компатибилна со сите уреди и не бара дополнителни апликации и додатоци. Инаку, 3D моделите се развиени во соработка со компанијата  Renacen, која за овој проект ја доби наградата за најдобар визионерски концепт на неодамнешните Crystal Cabin Awards.

Корицниците кои што пристапуваат на веб страната преку своите мобилни телефони или Emirates апликациите за iOS и Android уреди, исто така може да ги истражат своите места со помош на своите 3D карти. Оваа алатка им нуди на корисниците навигација од едно на друго место, а на потенцијалните патници им и резервација на посакуваните места директно преку 3D опкружувањето.