Италијанскиот архитект, дизајнер и инженер, Карло Рати создаде прототип на на модуларен систем за поплочување, којшто може да се прилагоди на потребите на луѓето, правејќи ги улиците побезбедни и попристапни за сите, пишува Design Boom.
Проектот се нарекува динамична улица и се состои од вградени светла што флексибилно и сигурно ги одделуваат премините, зоните на преземање и друго. На овој начин тие преставуваат алтернатива за рабовите на тротоарите и обележаните линии коишто во принцип се користат за разграничување на обликот на сообраќајот во совремните градови.
Инсталацијата на прототипот, моментално е изложена во канцеларијата на лабораторијата за тротоари и експерименталниот простор во Торонто. Направена од 232 модуларни хексагонални плочи со дијаметар од по 1,2 метри, составени на површина од 240 квадратни метри за да симулираат 11 метри широка улица .
“Динамичната улица“ е направена врз основа на пилот-проектот за отстранлив урбан тротоар на една истражувачката група. Ова истражување покажа дека реконструктивниот систем брзо може да ја промени функцијата на патот без да предизвика прекин, бидејќи неговите модуларни плочи можат да се подигнат и заменат за неколку часа или дури неколку минути.
Истражувајќи ги различните модели на шестоаголна мрежа кои може да се креираат, како и употребата на светла интегрирани во индивидуални асфалтирани плочи, проектот има за цел да формулира уличен пејзаж што лесно се прилагодува на потребите на луѓето. Дополнителните елементи, како што се столбови, па дури и карики, исто така, може да се вклучат во различни плочи.
Во пракса, овој систем може, на пример, да создаде дополнителна коловозна лента за време на сообраќаен метеж, да креира улица, а потоа да биде претворен во плоштад само за пешаци во вечерните часови.
Фото: Carlo Ratti