Блок 1 на РЕК Битола ставен во функција по капиталниот ремонт

64

Блокот 1 на Термоелектраната Битола по 75 дена капитален ремонт, од вчера повторно е ставен во употреба се вели во соопштението од АД ЕЛЕМ, Подружница РЕК Битола.

Во утринските часови, постројката била синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и ги испорачала првите количини електрична енергија по пауза од два и пол месеци.

По капиталниот ремонт на Блок 1 на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври.