Во Јужен Банат ќе “никнат“ ветерници во вредност од милијарда евра

68

Фото: Pixabay

Во Јужен Банат, Србија за две до три години ќе бидат подигнати вкупно 186 ветерни генератори од коишто со “зелена енергија“ ќе се снабдуваат околу 200.000 домаќинства. Како што пренесува SeeBiz, вредноста на инвестицијата е околу милијарда евра и претставува една од најголемите некогаш реализирани во Србија.

Паркот со ветерници ќе го градат инвеститори од Абу Даби, Белгија и Холандија, кои после десетгодишно опсежно истражување утврдиле дека тој регион е најповолен за таков вид вложувања.

Првите еколошки киловати електрична енергија оттаму почнаа да се дистрибуират преку електричната мрежа на Србија пред две години, кога италијанската Fintel energija пушти во употреба две турбини во селото Избиште кај Вршац. Истата фирма сега таму го гради паркот на ветерници Кошава со 20 турбини чијашто вредност е 120 милиони евра.

Според планот, Кошава ќе почне со работа до крајот на следната година, а потоа ќе бидат подигнати уште 19 турбини.

Повеќекратните придобивки од изградбата на ветерници ќе имаат и сопствениците на парцели на коишто ќе се градат турбини.