Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2018 година, во споредба со јуни 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8,2 %, а реално за 5,9 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10,4 %, а реално за 7,9 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 9,3 %, а реално за 7,5 %).
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 13,3 %, а реално е намален за 4,2 %.