Индекс на цените на угостителските услуги за јули

41

Државниот завод за статистика го објави индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година и истиот е зголемен за 1,2% во однос на јуни 2018 година. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 1,9 % и Алкохолни пијалаци за 1,7 %, додека намалување е забележано во групите Безалкохолни пијалаци за 0,1 % и Ноќевања за 0,2 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2018 година бележи пораст од 1,8% во однос на истиот период лани, додека пак, во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,2 %.

Фото: Pixabay