Фото: Pexels
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.
Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.
Денес 30.04.2013 од 08:00 до 19:00 часот, во тунелот на патниот правец Велес – Катланово се изведуваат работи на осветлувањето и таму сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово на 1 км пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово – Дебар – Струга. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.
Во тунелите на патниот правец Демир Капија – Удово се изведуваат градежни работи и таму сообраќајот е регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот.
Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Ги информираме сите наши корисници дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store.