Синдикатот се избори за повисоки плати во Луфтханза

34

lufthansaГерманскиот работнички синдикат Верди и авиокомпанијата Луфтханза потпишаа договор за платите на 33.000 работници. Со договорот е предвидено покачување на платата во различни сектори од 3% до 4,7%. Исто така, со новиот договор на работниците им се гарантира дека ќе можат да ја задржат работата во следните 26 месеци.

Почетното барање на синдикатот Верди беше зголемување на платите од 5,2% и гаранција за работа на вработените во следните 29 месеци.

Со овој договор е избегнат уште еден штрајк на вработените во Луфтханза. Последниот штрајк, кога беа откажани скоро сите летови, на компанијата и донесе загуби од 15 милиони евра.