Добивка од 34,1 милиони денари за Факом заклучно со 30-ти септември

47

Компанијата Факом, во текот на деветте месеци од оваа година, евидентираше вкупна сеопфатна добивка во висина од 34,1 милиони денари, покажува деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот од први јануари до 30-ти септември лани, компанијата прикажа добивка од 3,2 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30.09.2018 година, изнесуваат 1.008.463.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 286.627.000 денари, додека поголемиот дел од 801.836.000 денари е остварен на пазари во странство.