Фото: Pexels
Стапката на сиромашни лица во Македонија, во текот на 2017 година, изнесува 22,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2017 година е 20%. Според најфреквентниот статус на економска активност, стапката на сиромашни вработени лица е 9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,7%. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 32,5%.