
Фото: Pexels
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2018 година, во споредба со септември 2017 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11,4%, а реално за 8,6%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 8,7%, а реално за 6,1%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10%, а реално за 7,8%).
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива прометот номинално е зголемен за 16,6%, а реално е намален за 1,3%).














