Како да реагирате во сообраќајот кога ќе чуете сирени?

Фото: Pixabay

Гужвите и метежот во сообраќајот се фрустрирачки за многу возачи. Замислете како се чувствуваат возачите на Итната медицинска помош додека транспортираат пациент кој се бори за живот. Оттука, проблематиката односно темата којашто значи пропуштање на возила со право на  првенство на минување, во кои влегуваат возилата на службите на брза помош, полициските возила, возилата на противпожарните служби и возилата на Армијата на Република Македонија заслужуваа посебно внимание.

Пропуштањето на возилата со право на првенство на минување кога со посебни уреди даваат светлосни и звучни знаци е законска, етичка и хумана обврска на секој учесник во сообраќајот. Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) со совети како да постапите како одговорен возач, во случај да се најдете во ситуација да го делите сообраќајот со возилата со право на првенство на минување:

Прв чекор – лоцирајте го возилото

Кога ќе слушнете сирена (звучни знаци), прво и основно не треба да ве фати паника. Бидете смирени и обидете се да откриете од кој правец  доаѓа звукот. Исклучете ја музиката и отворете го прозорецот. Логично, доколку се зголемува звукот значи дека возилото доаѓа спрема вас, меѓутоа мора да утврдите, дали доаѓа зад вас, од напред или од страна.

Втор чекор – анализирајте ја состојбата

Понекогаш се наоѓате во густ сообраќај без место за поместување. Токму затоа би требало да почнете да ја анализирате ситуацијата штом ја чуете сирената. Вашата реакција зависи од многу фактори вклучувајќи ја оддалеченоста на возилото со право на првенство на премин, брзината на приближување, однесувањето на другите возачи, типот на патот, можноста за  безбедно отстранување на вашето возило итн.

На вас останува да ја донесете вистинската одлука во вистинскиот момент. Овде не е во прашање само законот. Со вашата реакција можете да го спасите животот на некое дете, сестра, мајка, татко.