УЈП отвора дополнителни шалтери за регистрација на системот е-ПДД

Управата за јавни приходи (УЈП) отвора дополнителни шалтери за регистрација на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација.

Покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје (ул. 11 Октомври бр. 27, спроти Даре Џамбаз), УЈП отвори и дополнителни шалтери лоцирани:

Во општина Ѓорче Петров – зграда на урбана заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и

Во општина Аеродром – општинска зграда на втори кат.

Канцелариите на Управата за јавни приходи во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе бидат отворени од 19.11.2018 година до 31.12.2018 година со работно време од 08:00 до 16:00 часот.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.