Стопанска банка АД – Скопје одлучи да организира свој сопствен online shopping настан со цел промоција на e-commerce кај локалните трговци, но и за зголемување на навиката за купување online од страна на корисниците на нашите 3D Secure платежни картички.
Cyber Monday ќе се одржи на 26-ти ноември и тоа во i-bank store филијалата на банката.
Учесниците во овој Cyber Monday ќе добијат износ до 5.000 денари на платежна картичка и термин од 10 минути за online купување на македонски e-commerce страници.
Доколку сте заинтересирани, сè што треба да направите е да одговорите на прашалниот на линкот подолу, а потоа очекувајте да бидете извлечени и контактирани за учество во првиот Cyber Monday настан во i-bank store.
Банката по случаен избор ќе избере вкупно 30 учесници кои ќе добијат 10-минутен термин во понеделник, на 26-ти ноември да ги испробаат своите online шопинг спобности во филијалата i-bank store.
Пријавувањето е тука.