Plasticiet – од рециклирана пластика создаваат градежен материјал

153

Фото: Plasticiet

Холандскиот старт – ап Plasticiet сака да создаде нешто вредно од рециклирана пластика, што може да се користи за внатрешен и дизајн на мебел, пишува Dezeen.

“Сакаме да создадеме нешто вредно што е направено за да трае и се произведува од локален отпад. Оттаму се појави идејата да се произведат листови што може да се користат како градежен материјал“, велат  Мартен ван Миделкоп и Џос Дигеманс, од овој холандски старт – ап.

Користејќи рециклирана пластика, собрана и преработена од компании за рециклирање низ цела Холандија, Plasticiet произведува пластични материјали што по изглед се слични на камени композитни материјали.