Цени во земјоделството во ноември

48

Фото: Pixabay

Цените во земјоделството во ноември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 5,5%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 5,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) се зголемени за 5,8%, цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) бележат пораст од 1,4%.

Во делот аутпут, во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105,5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103,7.