На доделување на наградите на манифестацијата Сајт на годината, веб страницата на НЛБ Банка, www.nlb.mk го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување.
Ова е трета награда за НЛБ Банка на манифестацијата Сајт на годината, откако во 2016 и 2017 година банката ги доби наградите апликација на годината (за апликацијата НЛБ mKlik) и сајт на годината.
Со ова признание, НЛБ Банка доби уште една потврда за високиот квалитет на своите услуги на полето на онлајн и дигиталното банкарство. Следејќи ги глобалните текови, според кои едноставноста и функционалноста се најдобар начин за приближување на банкарските услуги до корисниците, НЛБ Банка на своите клиенти им овозможува заштеда на време и средства.
Како една од своите приоритетни стратешки цели, НЛБ Банка и во иднина ќе продолжи да инвестира во своето онлајн и дигитално портфолио, сѐ со цел на клиентите да им ги обезбеди најсовремените и најквалитетните банкарски услуги.