Започнува новата наградна игра на Охридска банка Сосиете Женерал нарачена Зелена наградна игра, во којашто банката за направени трансакции со нејзините картички доделува електрични тротинети, стои во соопштението.
Од 17.12.2018 до 28.02.2019 година, сите оние кои ќе направат минимум 10 трансакции со една од дебитните катички на банката и минимум пет трансакции со било која кредитна картичка на банката, стануваат потенцијални добитници на еден од 20-те електрични тротинети. Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (кои се корисници на која било дебитна и кредитна картички издадена од Банката). Сите заинтересирани за оваа наградна игра, на располагање ги имаат сите дебитни картички на Охридска банка Сосиете Женерал наменети за физички лица: Маестро, MasterCard Standard, MasterCard Gold, Visa Classic; како и кредитните картички за физички лица: MasterCard Revolving, MasterCard Gold, MasterCard Platinum, Visa Classic, Visa Gold.
Валидни трансакции кои се земаат предвид за исполнување на условите од наградната игра се трансакциите направени на ПОС-терминал на кое било продажно место, како и трансакциите направени со електронско плаќање преку Интернет, на територијата на Република Македонија.
По исполнување на основниот услов на наградната игра, клиентите имаат можност, на секои наредни 10 трансакции со една од дебитните картички и наредни пет трансакции со една од кредитните картички за физички лица, уште еднаш да се појават како можен добитник, со што се зголемуваат шансите за награда. Еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда.
Охридска банка Сосиете Женерал, како општествено – одговорна компанија која континуирано вложува во насока на зачувување на животната средина, овој пат разви концепт на наградна игра кој има за цел да ги мотивира своите клиенти заеднички да придонесат кон чистата средина. По минатогодишната наградна игра во која беа доделени 70 велосипеди, оваа година банката доделува 20 електрични тротинети кои дополнително ќе помогнат кон целта на банката.
Истовремено, банката нуди производи за енергетска ефикасност со повластени услови наменети за физички лица, кои клиентите може да ги препознаат под името А++ кредит. Дополнително, Охридска банка Сосиете Женерал оваа филозофија на делување кон чиста животна средина ја применува и во рамки на своето секојдневно работење, преку создавање на вело катчиња за паркирање на велосипедите на вработените, набавка на хибридни автомобили за секојдневните потреби на вработените, како и активно дигитализирање на процесите, заради намалување на печатење на документи и промотивни материјали.