Сообраќај по влажни коловози

41

pat-vlazen-pexels

Фото: Pexels

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.

Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.

Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента регулиран со семафори.

На патниот правец Д. Капија – Удово кај тунелите, од 30.04.2013 до 12.05.2013 сообраќајот ќе се нормализира, односно ќе се одвива по двете сообраќајни ленти, а од 13.05.2013 ќе се врати на стариот режим со семафорско регулирање на сообраќајот (додека траат работите).

Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр. 9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Ги информираме сите наши корисници дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store.