Фото: Continental
Германската компанија Continental претстави систем на автономни возила “опремени“ со роботи – кучиња коишто разнесуваат пратки, пишува Dezeen.
И возилата и роботите се на електричен погон, а прототипот беше прикажан на овогодинешното Consumer Electronics Show CES во Лас Вегас. Роботите – кучиња во движењата наликуваат на познатиот SpotMini, на Boston Dynamics, но имаат “покучешки“ изглед.
Continental планира целиот систем на транспорт и испорака да работи 24/7 и да ја менува функцијата по потреба. Преку ден возилото ќе превезува патници, а ноќе ќе работи како доставувач на пратки заедно со помошниците роботи.