Фото: Pexels
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по влажни коловози.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 30 метри. Поставена е соодветна патна сигнализација, а екипите на ЈП Македонијапат работат на оспособување на теренот за алтернативна втора коловозна лента како би се нормализирал сообраќајот.
Во клисурите и усеците се бележи појава на поситни одрони, особено на патните правци: Демир Хисар – Кичево, Катланово-Велес, Д. Капија-Удово, Маврово-Дебар-Струга, Кочани-Делчево и Виница-Берово.
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран. Забраната за тешки товарни возила и автобуси е укината, правецот е прооден за сите видови на возила.
На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента регулиран со семафори.
На патниот правец Д. Капија-Удово кај тунелите, од 30.04.2013 до 12.05.2013 сообраќајот ќе се нормализира, односно ќе се одвива по двете сообраќајни ленти, а од 13.05.2013 ќе се врати на стариот режим со семафорско регулирање на сообраќајот (додека траат работите).
Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр. 9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.