Фото: Pixabay
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува.
Ќе дува умерен, повремено и засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина до 70км/час, особено долж Повардарието и во источните делови.
Температурите ќе се движат од 9 до 21 степен.
Во Скопје и околината слично време со температура до 17 степени.