Фото: Pixabay
Секој месец во coworking просторите ширум Србија се организираат во просек по 300 настани, просечната членарина е 96 евра, а годишниот приход во 2018 година надмина три милиони евра, пишува Данас.
Во Белград има најмногу coworking простори, вкупно 40%, а останатите се во Војводина и централна Србија. Во овие простори работат над 900 коворкери. Најголем дел од нив се млади, 50% се на возраст од 15 до 30 години, а другата половина се на возраст меѓу 35 и 40 години.
Околу 40% од корисниците во Србија работат во ИТ индустријата, а останатите во креативни индустрии, како што се: маркетинг, дизајн, фотографија, архитектура и слично.