BMW треба да плати 8,5 милиони евра казна за инсталација на погрешен софтвер

50

Фото: Pixabay

Обвинителството во Минхен, одреди казна од 8,5 милиони евра за производителот на автомобили BMW поради инсталација на погрешен софтвер, пишува Reuters.

Изречената казна за пропусти доаѓа откако компанијата инсталирала неприлагоден софтвер во моторите на 7.965 возила, којшто довел до зголемена емисија на штетни гасови.

Од BMW изјавуваат дека ги прифаќаат наодите од обвинителството во Минхен.

Грешниот софтвер за управување со моторот покажал различни вредности на нивоата на загадување со азотен оксид (NOx) измерени на тестовите и во сообраќајот.