ЕК размислува за повлекување на монетите од 1 и 2 центи

82

1 evrocentЕвропската комисија предложи четири можни сценарија за понатамошно издавање или повлекување на монетите од еден и два евроценти.

По налог на Европскиот парламент и Советот на министри, направена е анализа за употребата на овие монети во однос на трошоците и јавната прифатливост.

“Комисијата се консултираше со бизнис и потрошувачки асоцијации, ковачници на пари и централни банки да се изјаснат дали се за или против да се продолжи со издавање на монети од еден и два евроценти”, изјави Оли Рен, потпретседател на ЕК за економски и монетарни прашања и за еврото.

Комисијата ги разгледува следните можни четири сценарија за иднината на евроцентите: статус кво, намалување на трошоците за нивна изработка, брзо повлекување, постепено повлекување.

Комисијата оцени дека за изработка на центите од 2002 година до сега е направена кумулативна загуба од 1,4 милијарди евра. Ставот на јавноста е мешан. Некои се плашат дека постои ризик од инфлација доколку овие евроценти се повлечат од употреба, а други воопшто не ги користат.