Платформата за споделување на фотографии, Instagram воведе нова алатка преку којашто корисниците ќе можат да купуваат директно од апликацијата. Кога ќе се кликне на одреден производ од постот на некој бренд, на страната ќе се појави опција Checkout on Instagram.
Потоа, ќе треба само да одберат големина, боја и слично и да платат без да “излезат“ од Instagram. За процесот на плаќање ќе треба да се внесе името, мејлот, платежните информации и адресата на испорака, само првиот пат.
Системот, потоа ќе ја помни регистрацијата за следното купување, а податоците ќе бидат строго чувани.
Корисникот, исто така, добива известување за пристигнување на пратката на самата платформа. Checkout моментално е достапен само за одредени бизнис корисници во САД, а меѓу компаниите што продаваат се Adidas, H&M, Zara, Revolve, Prada, Kylie Cosmetics, Nike, Burberry и други.
Фото: Instagram