AsthmaPal  – апликација што предвидува ризик од добивање напад на астма

77

Фото: AsthmaPal

AsthmaPal е апликација што има за цел да го предвиди ризикот од добивање напад на астма, пишува Екапија.

Сите оние кои боледуваат од астма и хронично – опструктивна болест на белите дробови, преку апликацијата ќе можат да ги следат податоците во реално време, време за терапија, како и тоа кога да го земат лекот за да се спречи напад на астма. Исто така, корисниците на апликацијата ќе имаат персонализиран план којшто ќе им помогне да знаат кога и што треба да прават и вежбаат.

“Ние сме први на пазарот што даваме информации за ризикот од добивање на напад на астма. Исто така, први сме што пружаме персонализиран тренинг план за астматичари, што е многу важен дел од нашата апликација, бидејќи е докажано дека тренингот на долг рок ја подобрува состојбата на астматичарите. Секој корисник ќе ги гледа податоците што во целост се прилагодени и релевантни за неговата состојба и со тоа самата апликација е целосно персонализирана. Главни предности на апликацијата се однесуваат на тоа што корисникот може полесно да ги организира своите секојдневни активности, да добие совети за тренирање и вежбање, во кој момент што можат да работат, како и едукација и информирање“, вели Филип Петровиќ, член на тимот на AsthmaPal.

Засега оваа апликација е во затворена бета фаза, бидејќи во овој момент ја користи одредена група на луѓе кои имаат ваков здравствен проблем. Апликацијата се прилагодува и надградува на основа на нивните повратни информации, а во наредните два месеца би требало да биде достапна за сите заинтересирани преку App Store и Google Play Store.