Skype овозможи групни разговори со 50 корисници истовремено

43

Skype ја зголеми бројката на корисници кои истовремено можат да бидат вклучени во видео или аудио повик, на 50. Тоа е двојно повеќе од претходно кога беа дозволени 25 учесници.

Со новата услуга ќе биде полесно да се остварат ваков тип на онлајн разговори, без разлика дали станува збор за “состанок“ со тимот или разговор со група на пријатели. Исто така, ѕвонењето може да биде заменето со нотификација, со што секој член на групата ќе добие известување дека има повик на Skype.

Корисниците ќе можат да си одберат и на кој член индивидуално сакаат да му се јават, или ако групата е помала од 25 членови ќе може да се ѕвони и на сите што се вклучени.

Оваа услуга е веќе достапна на последната верзија на Skype.

Фото: Skype