Фото: Pixabay
Главниот град на Австрија минатата година инкасираше 1,198 милијарди евра приходи од конгресен туризам, пишува Travel Daily news.
“Она што е посебно важно е придонесот на оваа индустрија од 3% кон бруто домашниот производ на Австрија. Во апсолутна смисла, сите состаноци и настани што се одржаа во 2018 година донесоа 1,198 милијарди евра приходи. Симболичниот број од една милијарда евра за прв пат беше надминат во 2015 година“, изјави Питер Ханке, градскиот советник за финансии на Виена.
Во текот на 2018 година, во Виена се организирани 4.685 конгреси, корпоративни настани и конференции. На сите овие случувања имало околу 631.000 учесници кои генерирале 1.925.000 ноќевања.
Овој вид на туризам ангажира и нуди вработување на 21.500 лица низ целата земја.