Сковин ќе ја покрива ланската загуба од 117,7 милиони денари

52

Фото: Pixabay

Сковин донесе предлог одлука за покривање на загубата остварена во 2018 година.

“Загубата по оданочување во износ од 117.784.295 денари се покрива: дел од 9.818.960 е на товар на акумулирана добивка од минати години, дел од 3.334.142 денари на товар на законси и статутарни резерви, дел од 16.950.836 денари на товар на ревалоризирани резерви и непокриениот дел што изнесува 87.680.357 денари останува на товар на идните добивки“, стои во предлог одлуката.