Уметник од Хонг Конг креираше робот со вештачка интелигенција којшто умее сам да создаде уметнички дела.
На Виктор Вонг му требаа три години да го изгради и програмира роботот наречен A.I Gemini и да го научи на одредени уметнички техники.
Алгоритмот што е вграден во роботот се базира на “случајност“ па Вонг не знае што следно A.I Gemini ќе нацрта, пишува Reuters.
Вештачката интелигенција е опремена со 3D фотографии од Месечината направени од лунарниот ровер на NASA Chang’e-4. Фотографиите се од темната страна на Месечината, а се направени во јануари.
На A.I Gemini му требаат околу 50 часа за да создаде мешавина од пејзажи на традиционална, кинеска свежа хартија направена од кора и слама од ориз. Вонг го дизајнираше роботот да користи древна кинеска техника наречена shuimo, односно цртање со црно мастило и вода.
Фото: 3812gallery