Bahia Denim – мебел од текстилни остатоци

77

Софи Роули, дизајнерка од Нов Зеланд, создаде уникатен мебел од текстилни остатоци, пишува Inhabitat.

Станува збор за парчиња неискористен тексас, од преработувачки капацитети и отпад, од коишто создава функционални масички, полици, фиоки…

Линијата е наречена Bahia Denim, а бојата на парчињата се испреплетени нијанси на темно сино, сиво и бело, што резултира со мермерен изглед.

Фокусот на Роули е одржливоста и новиот пристап кон организација на мебелот. При процесот на изработка слоевите текстил се мешаат со смола, добиената смеса се суши и откако ќе се добие цврст материјал истиот се моделира. Мебелот доаѓа во различни форми, големини и цврстина.

Производителот на автомобили Nissan планира да го искористи Bahia Denimh за дел од ентериерот во своите возила.

Фото: Sophie Rowley