Американскиот производител на автомобили Ford инвестираше половина милион долари во Rivian, компанија за електрични пикап возила. Инвестицијата има за цел развој на нови електрични возила на батериски погон.
Потегот доаѓа неколку месеци по претставувањето на нови производи од страна на Rivian – електричен пикап и SUV возило, пишува CNBC.
Според аналитичарите возилата можат да бидат конкуренција на General Motors, Ford и Tesla. Во февруари Rivian доби инвестиции во вредност од 700 милиони долари, од кампања чијшто предводник беше Amazon.
Ford планира да создаде ново возило со помош на платформата на Rivian. Според компанијата “платформата ефикасно ги сместува батериите, погонските единици, суспензијата, термалниот и системот за кочење под висина на трклата, оставајќи горе простор за патниците и нивната опрема.“
Фото: Rivian