Innovation – ултра луксузна јахта што ќе плови до сите седум континенти

111

SeaDream Yacht Club, приватна компанија од Норвешка, којашто организира патување со јахти го претстави концептот за Innovation, нивниот најнов крстосувачки брод.

Првото испловување е закажано за 2021 година, а огромната јахта ќе биде опремена со ултра луксузни капацитети, мени и програми.

Innovation може да издржи секакви временски прилики поларни и тропски, а вклучува 110 соби, распоредени на девет палуби, додека нејзината должина изнесува 155 метри.

На горната палуба ќе бидат сместени неколку џакузиа и луксузни кревети каде што ќе можат да преспијат 40 гости, пишува Business Insider.

Најдолгото патување од Хонг Конг до Сиднеј, ќе трае 92 дена, додека цената за апартманите ќе изнесува од 65.000 до 175.000 долари.

Планирано е Innovation да застане на 200 пристаништа во вкупно 49 земји.

Фото: SeaDream Yacht Club