Фото: Pixabay
Според податоците на Државниот завод за статистика, со истражувањето за такси превоз се опфатени 2.342 патнички автомобили од 214 извештајни единици.
Во 2018 година, со 2.342 патнички автомобили се превезени вкупно 37.779.000 патници, од кои 31.373.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 6.406.000 патници.
Со истиот број возила се остварени вкупно 76.430.000 километри, од кои 65.374.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 11.056.000 километри.