За три месеци, Дебарски бањи Цапа оствари загуба од 13,9 милиони денари

52

Фото: Pixabay

Дебарски бањи Цапа за три месеци оствари загуба од 13.954.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првиот квартал од минатата година, загубата на компанијата достигна 8.577.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со крајот на март оваа година, беа на ниво од 16.412.000 денари, додека една година претходно изнесуваа 18.241.000 денари.