Тиквеш со тримесечна добивка од 24,8 милиони денари

47

Винарската визба Тиквеш првото тримесечје од оваа година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 24.867.000 денари, додека истиот период претходната година достигна ниво од 22.524.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на март оваа година, изнесуваа 353.440.000 денари. Поголемиот дел од 210.367.000 денари е продажба на домашен пазар, додека остатокот од 143.073.000 денари е реализација на пазари во странство.