Кои земји “се дават“ во најголеми долгови?

70

Фото: Pixabay

Јапонија, Грција и Судан се топ три земји со најголем национален долг, според порталот Commodity, којшто стои зад глобалниот часовник за светскиот долг.

Јапонскиот национален долг достигнува 236% од бруто домашниот производ на земјата, кај Грција тој процент е 191,4, а во случајот со Судан достигнува 176,5%.

На листата 10 најзадолжени земји се најдоа и: Венецуела (163% од БДП), Либан (157,4% од БДП), Италија (129,8% од БДП), Еритреја (129,5% од БДП), Барбадос (128,8% од БДП), Јемен (128,3% од БДП) и африканската држава Кабо Верде (124,8% од БДП).

На другата страна, топ десет земји со најмал долг се: Макао (0% од БДП), Хонг Конг (0,1% од БДП), Брунеи (2,5% од БДП), Авганистан (6,8% од БДП), Естонија (8,5% од БДП), Конго (14,5% од БДП), Соломонски острови (14,6% од БДП), Боцвана (14,9% од БДП), Русија (18,7% од БДП) и Обединети Арапски Емирати (19% од БДП).

Според податоците на Министерството за финансии, јавниот долг на земјава се движи околу 45% од вредноста на бруто домашниот производ.