Пуштени во оптек новите банкноти од 100 и 200 евра

82

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска ги пушти во оптек редизајнираните банкноти од 100 и од 200 евра, стои во официјалното соопштение на банката.

Банкнотите се последните во низата кои ја сочинуваат серијата Европа, како дополнение на оние од 5, 10, 20 и 50 евра. Тие се помали, подолго траат и “поседуваат“ иновативни безбедносни карактеристики коишто оневозможуваат фалксификување

Според ЕЦБ, бакнотата од 100 евра е трета најшироко користена евро банкнота веднаш по онаа од 50 евра и 20 евра. Од банката додаваат и дека побарувачката за банкноти од 100 и 200 евра се зголемува со годишна стапка од 7,6% за таа од 100 и 8,6% за бакнотата од 200 евра.

Старите банкноти од 100 и 200 евра остануваат во промет и постепено ќе бидат заменувани.

Фото: ЕЦБ