Земји со највисоки даноци во светот

97

Во различни земји постојат различни даночни системи и такси. Се случува дури и во една иста земја да постојат различен тип на даноци, на пример САД.

Правилата според кои се одредува данокот се различни, па за потребите на истражувањето на World population review биле земени трите главни типа на данок: данок на доход, данок на промет и корпоративен данок.

Резултатите покажале дека највисок данок на доход има Португалија, каде што максималната стапка е 82,75%. По неа е Аруба со даночна стапка од 58,95%, додека на трето место е Канада, каде што данокот на доход во Квебек изнесува 58,75%.

Највисок корпоративен данок има Суринам којшто изнесува 36%. Зад оваа јужноамериканска држава се наоѓаат неколку земји Бенин, Замбија, Аргентина, Габон, Бангладеш и Бурунду. Во сите овие земји стапката на корпоративен данок е 35%.

Кога станува збор за данок на промет води Индија со стапка 28%, по која што следи Унгарија, каде стандардната стапка за овој тип на данок е 27%. Трет на листата е Бразил со максимална стапка од 25%, заедно со Хрватска, Данска, Норвешка и Шведска.

Фото: Pexels