Фото: Facebook
Давид и Милица Стокиќ од Србија создадоа еколошки играчки за бебиња, што ја чуваат животната средина и се изработени од природни материјали.
“Првиот прототип на мечето Beez&Toys траеше скоро две години. Клучниот материјал го пронајдов сосема случајно, во неврзан разговор со пчелар од кој со години купувам мед. Во него имам доверба и секогаш добивка 100% природен мед, произведен на традиционален начин и без никакви додатоци“, вели Давид Стокиќ за Price sa dusom.
Станува збор за восок од пчели, кој има антибактериско и антиифламаторно дејство. Во исто време е одличен природен изолатор, а неговиот мирис опушта и смирува.
Во внатрешноста на кадифената играчка има восок од пчели, којшто со своите својство е соодветен за мали бебиња.
Оваа кадифена играчка има своја кампања на платформата за групно финансирање, Indiegogo, од каде што доби над 10.000 долари финансиска поддршка.