Десет компании во земјава за три месеци прокнижија вкупна добивка од 2,5 милијарди денари

48

Фото: Pixabay

Десет компании во земјава, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, заедно остварија добивка во висина до 2.591.032.113 денари, покажуваат податоците на Македонска берза.

Во оваа група влегуваат: Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Македонски телеком, Алкалоид, Охридска банка, Цементарница Усје, Мермерен комбинат, Уни банка и Силекс од Кратово.

Истиот период лани, овие десет компании оствари добивка од 4.237.913.000 денари или 38,86% повеќе во однос на првиот квартал годинава.

Од вкупно 102 компании, првиот квартал од 2019 година со добивка го завршија 60 компании (пет компании повеќе во однос на истиот период лани или шест помалку во споредба со 2017 година), додека загуба евидентираа 42 компании (четири помалку во однос првиот квартал лани и седум повеќе во споредба со истиот период во 2017 година).

Остварените добивки на сите 102 компании изнесуваа 2.884.738.153 денари, додека истиот период лани, добивките достигнаа 4.641.380.927 денари. Од друга страна, загубите заклучно 31-ви март изнесуваа 459.766.747 денари.

Кога станува збор за дејноста од којашто доаѓаат компаниите, најмногу добивки се забележани од индустриските капацитети (25), потоа следат компании што се занимаваат за пружање услуги (9), а по нив се фирми што се занимаваат со трговија. (8).

Добивките на компаниите што го сочинуваат индексот МБИ10, во првиот квартал од оваа година, имаа вкупна вредност од 2.263.441.543 денари, по што е забележано намалување од 41,32% во однос на истиот период лани (3.857.477.132 денари).