Gucci ќе користи вештачка интелигенција за поголема продажба

67

Фото: Gucci

Модниот бренд Gucci, што е дел од Kering group, ќе користи вештачка интелигенција за да донесе одлука каде да испрати нови производи, пишува Bloomberg.

Купувачите, во просек, трошат од 15% до 20% повеќе кога персоналот користи софтвер за преглед на она што претходно купувал клиентот, како и информациите за достапни бои и величини во реално време без да ја напуштат продавницата.

Новата мобилна апликација на Kering group, наменета за асистентите за продажба, има за цел да донесе подобри резултати.

Онлајн продажбата на групацијата од 2013 година бележи раст од околу 41%, а нејзиниот најголем бренд, Gucci има подобри резултати во онлајн продажбата, одошто во продавниците.