Фото: Pixabay
Британецот Џони Ајв, кој две децении помага Apple да се развива во еден од најмоќните брендови во светот, ја напушта компанијата за основа своја, пишува BBC.
Овој индустриски дизајнер е “виновен“ за изгледот на iMac, iPod и iPhone, а ќе го напушти Apple кон крајот на оваа година за да ја основа својата компанија LoveFrom. Првиот клиент на неговата нова компанија е веќе познат, а тоа ќе биде токму Apple.
“Изгледа дека сега е вистинско време да се направи оваа промена“, изјави тој.
Неговото заминување доаѓа во прилично лош момент, бидејќи овој технолошки гигант го напушти и Ангела Архенд, која беше шеф за малопродажба.