Deutsche Bank отпушта 18.000 вработени како дел од “радикално“ преструктуирање

48

Најголемата германска банка, Deutsche Bank планира да отпушти 18.000 вработени, чекор за којшто оттаму велат дека е неопходен за да се изврши преструктуирање на целокупното работење на банката.

Освен тоа, банката се повлекува и од Wall Street по две децениската битка со американските ривали, а исто така ќе “одмори“ и од инвестицискo банкарство, насочувајќи се повеќе на корпоративно управување.

Ова ќе биде радикална промена за 149-годишната институција, којашто се обидуваше да генерира постојана добивка и покрај серијата на “ремонти“, пишува CNN.

Според Deutsche Bank, отпуштањата ќе бидат завршени заклучно со 2022 година, со што бројот на вработени ќе се намали на 74.000. Трошоците за последното преструктуирање ќе ја чинат банката 2,8 милијарди евра во второто тримесечје.

Фото: Pixabay